AE-yosemite_copy_copy.0-f

Со паметните телефони денеска секој е еден вид на фотограф аматер. Веќе нема потреба од купување на посебни дигитални камери, односно бројот на такви корисници е намален. Порано кога сакавме да се вратиме со голем број на слики од местото каде што сме биле на одмор, требаше да носиме со нас дигитална камера. Сега истото го правиме со камерата на мобилните телефони, кои што и така ги носиме со нас. Телефоните доаѓаат со се подобри камери, па тие веќе имаат и подобар квалитет од дигиталните камери од пред 5 и повеќе години.

Социјалните мрежи се едни од главните причини поради кои што младите луѓе денеска сакаат да се сликаат. Сигурен сум дека доколку немаа каде да ги објават сликите за да ги видат во просек по 300 луѓе, тие многу помалку ќе се сликаа.

Тоа може да се види и по бројот на апликации за споделување на слики, а истото е важен дел и од постојните апликации како Facebook. На оваа социјална мрежа секако и одговара да на корисниците им понуди најдобро корисничко искуство за нешто што тие навистина сакаат да го прават. Објавите кои што вклучуваат слики се и меѓу попопуларните на Facebook, односно со други зборови, сакаме да гледаме и кликаме на слики на оваа социјална мрежа.

Од Facebook сакаат сликите кои што корисниците ги објавуваат преку мобилните телефони, односно нивната мобилна апликација, да бидат што подобри, а корисниците да не мора да направат многу околу тоа.

Тоа тие ќе го постигнат со воведувањето на нова функција, прво на Facebook за iOS, која што автоматски ќе ги подобрува сликите пред нивното објавување. Корисниците ќе имаат можност да го прилагодат подобрувањето, како и целосно да го исклучат, односно да ја објават оригиналната слика.

Автоматското подобрување вклучува прилагодување на светлината, сенките, како и чистината на сликата врз основа на алгоритми кои што стануваат се подобри со развојот на технологијата.

Корисниците на овој начин ќе можат да објават слика која што ќе изгледа добро, без разлика што таа е сликана со мобилен телефон во разни ситуации и услови, а истото ќе можат да го направат без губење на време средувајќи ја самите истата.

Покрај пуштањето на оваа функција на Facebook за iOS, истата се најавува и за Android во блиска иднина.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаНајновата верзија на YouTube за Android со поддршка за разговорите на видеата во живо
Следна статијаYouTube овозможи проверка на музиката во видеото пред истото да биде објавено
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.