Веќе знаеме дека Facebook е најпопуларната дестинација на повеќето корисници на интернет, меѓутоа оваа популарност изгледа се’ уште го нема достигнато својот врв.

Од друштвената мрежа оваа недела објавија дека ја имаат достигнато бројката од 2 милијарди корисници во текот на месецот. Ова е скоро една третина од светското население, а веруваме дека без проблем во годините што доаѓаат, бројката ќе ја помине и границата од 3 милијарди.

Покрај оваа бројка, од Facebook истакнаа дека на нивната мрежа 175 милиони корисници ја користат Love реакцијата секој ден, повеќе од 800 милиони корисници лајкуваат нешто на мрежата секој ден, а исто така, повеќе од 1 милијарда корисници ги користат Facebook групите.

За овој успех на Facebook и самите ќе дознаете. Од компанијата истакнаа дека во периодот што следи ќе објават неколку видеа, како и известувања каде што ќе им се заблагодарат на корисниците.

 

Со оглед на фактот што од компанијата константно прават одредени промени, како и додаваат нови функции, не гледаме причина зошто растот на мрежата би застанал. Најновата информација говори дека од Facebook се спремни да платат поголема сума на пари за оригинални серии и филмови.

Извор: Facebook

Претходна статијаSamsung објави детали за двојната камера која ќе се вградува во Note 8
Следна статијаВидео серијал Samsung Galaxy S8+: Водоотпорност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.