fb-messenger-icon

Facebook активно ја развива нивната Messenger апликација која веќе одамна не е наменета едноставно за правење на разговори. Апликацијата, како што истакнуваат и од компанијата, се развива во целосна платформа која на корисниците им овозможува разговори, повици, видео разговори, стикери, анимации, купување производи, а којзнае уште што може да се очекува со тек на време.

Facebook веќе одамна ги насочува корисниците да ја користат оваа апликација, па пред одреден период ја тргна можноста за разговори од мобилната апликација, со што корисниците мораа да ја користат Messenger.

Тие што сепак не сакаа да ја инсталираат апликацијата, ја имаа можноста да ги прават разговорите преку интернет прелистувач, односно преку мобилната верзија на Facebook страната.

Според информација која се прикажува на оваа страна, поточно кога ќе се отворат пораките, Facebook планира да ја тргне и оваа можност за корисниците и повторно да ги натера да ја инсталираат Messenger апликацијата.

Пораката е кратка и јасна и го кажува токму тоа, односно:

Вашите разговори се преместуваат на Messenger. Наскоро вашите пораки ќе можете да ги видите само од Messenger.

nomoremessages
Фото: TechCrunch.com

За повеќето корисници оваа промена нема да значи ништо, односно тие веќе го користат Messenger. Меѓутоа, не е мала бројката на корисници кои едноставно не сакаат да ја користат оваа апликација од било која причина, а голем дел од нив и не ни можат, поради користењето на телефон со послаби перформанси.

Зошто од Facebook сепак се решаваат за овој потег, ќе видиме дали ќе објаснат со тек на време, повеќе од стандардното дека Messenger им овозможува на корисниците подобро корисничко искуство.

Извор: TechCrunch, PCMag

Претходна статијаПрви рендери и информации за новиот Samsung Galaxy Note 6?
Следна статијаНови „металеќи“ ќе донесат квантен скок во квалитетот на фотографијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.