Елон Маск пред неколку денови објави дека Apple се имаат закането дека ќе ја тргнат Twitter апликацијата од App Store. Тој исто така истакна дека од компанијата ги имаат прекинато скоро сите реклами на мрежата, нешто што го направија многу компании по купувањето на Twitter од страна на Маск.

Во текот на вчерашниот ден Маск објави кратко видео од езерцето кое е дел од кампусот на Apple и му се заблагодари на Тим Кук што го прошетал низ просторот на компанијата.

Од ова се виде дека Маск решил да отиде на состанок во Apple и да проба да ги реши проблемите, кои во основа и не се баш јавно истакнати, односно не беше кажано што стои зад нив.

Резултатот од состанокот Маск го објави денес и истакна дека тие имале добар разговор и меѓу другото ги расчистиле недоразбирањата околу можното тргање на Twitter од App Store. Тој додаде дека Тим Кук објаснил дека такво нешто никогаш и не било во план од страна на Apple.

Работите повторно остануваат не до крај јасни, односно никој не објави зошто се имаат појавено проблемите помеѓу двете компании и како сега тие се решени.

Како и да е, јасно е дека Twitter останува на App Store, а ќе видиме што ќе се случува и со рекламите од оваа компанија.

Маск повеќе пати го има истакнато неговото несогласување со процентот кој го земаат од Apple од тоа што го наплаќаат апликациите од своите корисници, 30%. Можен е договор да Маск не прави проблем за овој процент, а Apple ќе продолжи да се рекламира на мрежата.

Претходна статијаApple и Google ги објавија најдобрите апликации за нивните платформи за 2022
Следна статијаВтората генерација од Gorilla Glass Victus ја подобрува издржливоста при пад на тврда површина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.