Фото: Shutterstock.com

Елон Маск, кој уште на почетокот најави дека привремено ја презема директорската позиција во Twitter, оваа недела објава анкета преку која ги праша неговите следбеници дали да ја напушти позицијата. Со не толку мала разлика, резултатите беа во корист на гласовите „за“, па два дена покасно, Маск излезе со коментар.

Во новата објава Маск истакнува дека тој ќе даде оставка од главната директорска позиција кога ќе најде некој доволно „будалест“ кој би ја прифатил работата. После тоа Маск планира да го води делот за софтвер и сервери.

Од ова се гледа дека Маск не сака да се тргне од секојдневните работи во Twitter, па без разлика кој ќе биде главен директор, тој сепак ќе остане во компанијата да води барем некој дел од неа.

Причините поради кои анкетата заврши на овој начин во главно може да се бараат во неколкуте ситуации во кои беа воведени новини на мрежата, кои се покажуваат недоволно промислени, па потоа се враќаат на доработка.

Иако очекувањата од промената на сопствеништвото на Twitter се се’ уште големи, сепак начинот на водење на компанијата од позиција на главен директор од страна на Маск, се дискутабилни.

Секако, ова не може да се спореди со селективната цензура која се правела претходно, за која сега дознаваме уште повеќе со објавата на датотеки од компанијата.

Претходна статијаOnePlus ќе претстави механичка тастатура во февруари идната година
Следна статијаSamsung смартфоните изгледа веќе нема да работат на Exynos чиповите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.