dropbox-gmail-ce-3

Dropbox денеска претстави екстензија за Google Chrome која што овозможува приклучување на овој сервис во Gmail. Dropbox for Gmail моментално е означена со бета ознаката, меѓутоа истата може да се симне и да се користи од страна на корисниците.

Она што го овозможува оваа екстензија е да при испраќање на порака преку Gmail, корисниците ја отворат својата Dropbox папка директно во Gmail и да изберат фајл кој што сакаат да го испратат со пораката. Фајлот, како што би се очекувало, не се испраќа директно преку пораката, односно се испраќа линк до него преку кој што примачот може да го искористи да го симне истиот директно од Dropbox.

Оваа екстензија ќе овозможи многу побрзо прикачување на фајловите од Dropbox, нешто што и сега може да се направи преку копирање на линкот за споделување, меѓутоа за многу подолго време.

По инсталирање на екстензијата, додадено ќе биде копче од Dropbox на лентата каде што се наоѓа и Drive копчето за истата намена. Gmail неодамна доби можност за лесно прикачување и отворање на фајлови директно од и во Google Drive.

dropbox-gmail-ce-2

Веќе одреден период може да се види дека компаниите почнуваат да ги вклучуваат своите сервиси на други конкурентни платформи, што сигурно не им се допаѓа на конкурентите, меѓутоа корисниците добиваат многу повеќе и полесно достапни сервиси.

Екстензијата Dropbox for Gmail може да се симне од продавницата за апликации на Chrome, односно преку следниот линк.

Симни ја Dropbox for Gmail (Beta) за Google Chrome

Претходна статијаGoogle дава 2GB бесплатен простор на Drive доколку ја завршите безбедносната проверка на вашата сметка
Следна статијаМенаџмент-моделот на Valve: неколку неодговорени прашања
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.