Како што беше најавено, а и почнато со тестирање на ограничен број на корисници уште од јануари, Instagram им овозможи на своите корисници да комуницираат преку директни пораки и на веб преку нивните десктоп компјутери.

Ова корисниците веќе можеа да го прават преку своите компјутери, но за тоа требаа да ја инсталираат десктоп апликацијата на Instagram преку Microsoft Store, која сепак како и повеќето апликации од продавницата, немаше некоја посебна популарност. Оваа апликација минатиот месец беше надградена и направена во форма на PWA, односно веб апликација ставена во форма на апликација од продавницата.

Достапноста на директните пораки за веб верзијата од Instagram за десктоп компјутерите треба да им стане достапна на сите од денес, а како што се истакнува тоа ќе почне да се случува од 16:00 часот денес, односно веќе е почнат процесот.

Иако Instagram е замислен да се користи пред се преку мобилните, сепак со големата бројка на корисници кои комуницираат преку оваа мрежа, не е лошо да се има пристап до пораките и од компјутер. Сепак, некој кој често комуницира во текот на денот, а седи и на компјутер, сигурно ќе му биде полесно да пишува на голема тастатура, наместо само преку својот мобилен.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаПрифати го предизвикот: Остани дома и биди дел од првото online издание на Startup Weekend Skopje Covid -19
Следна статијаБиодизел – дизел – емисија на штетни гасови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.