abp-logo

Facebook веќе одреден период ја има функцијата која што вклучува информација после секоја порака дали истата е видена и во колку часот од другата страна со која што разговарате. Ова можеби е добра информација за многу корисници, меѓутоа доколку се земат статиите посветени на тоа како да ја исклучите, односно блокирате оваа функција, може слободно да се заклучи дека истата не е баш популарна кај голем дел од нив.

facebook-seen-1

Постојат повеќе начини кои што ви овозможуваат да го блокирате прикажувањето на Seen информацијата, а Adblocк ви овозможува уште една. Adblock Plus е додаток за интернет прелистувачите кој што стана популарен поради едноставната можност за блокирање на рекламите на веб страните кои што одреден период почна да ги има премногу. Овој додаток со тек на време ја има проширено својата листа на функции, па така сега може да блокира и страни кои што ве следат за рекламирање, да ве заштити од малициозни страни и слично.

Доколку сте корисник на овој додаток на вашиот прелистувач, блокирањето на Seen информацијата можете да ја направите едноставно преку следниот линк, по што треба да притиснете на Add.

Притискањето на линкот погоре го додава следниот филтер на вашиот додаток, а истото можете да го направите и сами.

||facebook.com/ajax/mercury/change_read_status.php$xmlhttprequest

Доколку решите да го користите овој филтер, сепак можни се одредени проблеми, како што може да се види од коментарите на одредени корисници. Ова значи дека кога главниот сервис има предвидено одредена опција, нејзиното заобиколување не е секогаш сигурно решение за саканата работа.

Исто така, доколку Facebook сакаше корисниците да можат да изберат дали ќе ја испраќаат Seen информацијата, тоа ќе беше достапно како посебна опција на мрежата, како што тоа е случајот со Viber. Доколку некој додаток успешно ја блокира информацијата и стане доволно масовно користен, шансите се дека Facebook ќе ја блокира оваа можност на додатокот.

Adblock Plus е достапен и како апликација на Android, меѓутоа оваа функција не е достапна за мобилните корисници.

Извор: Adblock

Претходна статијаBluetooth 4.2 ќе овозможи директно поврзување на интернет и подобра безбедност
Следна статијаSteve Wozniak: Гаражата е до некаде мит, таа е преувеличена
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.