linkedin-911794_640

Минатата недела повеќе од 100 милиони лозинки и имејл адреси од корисници на LinkedIn биле понудени од страна на хакер, кој ги продавал по цена од околу 2.200 долари.

Дека навистина се работи за вистински податоци од социјална мрежа е потврдено и од нивна страна, па тие веќе имаат започнато со ресетирање на лозинките на засегнатите корисници, а им препорачуваат и на останатите да го направат истото.

Она што е интересно во овој случај е што најверојатно не се работи за нов упад во системот на LinkedIn, туку за постар случај од 2012 година. Тогаш се верувало дека хакер има дојдено до повеќе од 6 милиони лозинки од корисниците, по што од мрежата ги известија засегнатите корисници да ги променат своите лозинки.

Според информациите, тогашниот упад бил многу поголем од што тогаш се верувало и од тоа што било излезено во јавноста. Информациите коишто се предмет на најновиот случај се од тогашниот упад во системите на мрежата.

За сите сметки кои ги сметате за важни, се препорачува користење на дво-факторска автентикација којашто значително ја подобрува сигурноста на сметката, со мал дополнителен чекор за најавување.

Извор: LinkedIn, Mashable, Motherboard

Претходна статијаКритична маса #49: Среќен 4ти роденден Скопје на точак – да ги извадиме помошните тркала
Следна статијаОва е првиот автономен автомобил на Uber
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.