500px-Facebook.svg

Денеска Facebook го слави својот 10-ти роденден, односно тој е формиран на 4-ти Февруари 2004 година од страна на Mark Zuckerberg, кој што е лицето на Facebook и најмногу познат на луѓето, меѓутоа исто така и од страна на Eduardo Saverin, Andrew McCollum, Dustin Moskovitz, Chris Hughes. Facebook не е првата социјална мрежа, односно во времето на негово формирање веќе функционира MySpace, претставена е и социјалната мрежа од Google Orkut, Hi5 која што беше популарна во Македонија пред проширувањето на Facebook.

2004 (Original) Profile.jpg.CROP.promovar-mediumlarge

Facebook започнува како мрежа која ги поврзува студентите на Harvard, универзитетот каде што студирал Zuckerberg, по што се проширува на неколку други универзитети, потоа на средни училишта, по што во 2006 овозможува регистрирање на сите заинтересирани корисници во светот постари од 13 години.

Денеска Facebook е најмногу користената социјална мрежа со повеќе од милијарда корисници. Тие секојдневно објавуваат статусни пораки, споделуваат слики, испраќаат порака, лајкуваат содржина.

За својот 10-ти роденден Facebook претстави страна која што кога ќе ја отворите додека сте најавени со својата сметка можете да погледнете видео со вашите слики и објави од вашето зачленување. Страната можете да ја видите на следниот линк и истата е наречена A look back, односно поглед наназад.

[showcase id=”4168″]

 

Претходна статијаKinect поставен на границата помеѓу двете Кореи
Следна статијаSamsung го најави Unpacked настанот на кој што е можно да го претстави Galaxy S5
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.