Нема збор дека Tesla автомобилите се можеби најпопуларните во светот и оваа компанија е директно одговорна за почетокот на „револуцијата“ со електрични автомобили. Сега нема ниту еден од поголемите производители кои немаат сопствени електрични автомобили, а повеќето од нив планираат целосно да се префрлат на електрични модели во наредните 15тина години.

Tesla автомобилите не се познати само по оваа нивна главна карактеристика. Компанијата развива сериозен систем за автономно возење, а порано имаше доста видеа од несовесни возачи кои го оставаа својот Tesla автомобил самиот да вози, иако е нагласено дека системот уште не е замислен за тоа.

Како и да е, системот во текот на годините напредува, па иако е во бета фаза, а има време додека тоа се промени, можеме да видиме до каде е развојот на истиот.

Во продолжение можете да погледнете кратко видео од Tesla автомобил кој вози по дожд низ град со најновата бета верзија од софтверот за автономно возење. Може само да се замисли иднината кога автомобилите ќе бидат тие кои возат, наместо возачите кои најчесто се причина за сериозни незгоди.

Претходна статијаYouTube ги објави најпопуларните видеа и креатори за 2022
Следна статијаОд прочистувачи за воздух, амбалажи направени од лушпи од портокал и компир за пакување на храна, до мобилна апликација за мапирање на диви депонии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.