Renault, познатиот француски производител на автомобили, ја претстави својата пет годишна стратегија интересно наречена Renaultution која е насочена кон електричните автомобили, но и технологијата во нив.

Од компанијата планираат да претстават 14 автомобили од кои 7 ќе бидат целосно електрични. Еден од овие автомобили ќе биде познатиот Renault 5 кој сега ќе биде во целосно електрична и модернизирана верзија.

Повеќе информации за овој автомобил нема во оваа фаза, ќе треба да почекаме да дојде барем блиску до претставувањето, но од Renault истакнуваат дека тој ќе биде модерен пристап на популарниот и неопходен автомобил. Renault 5 ќе биде сладок, малечок, градски автомобил кој ќе го пренесе успехот на Renault во иднината.

Од компанијата исто така истакнуваат неколку точки не кои ќе се концентрираат во годините што следат, како што се технологијата, сервисите кои ги нудат на возачите, како и чистата енергија.

ИЗВОРRenault
Претходна статијаFiles е одлична модерна алтернатива на File Explorer во Windows 10
Следна статијаMalwarebytes хакирани од истата група која ги проби системите на SolarWinds
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.