Автомобилите коишто ќе ги возиме во иднина сигурно повеќето ќе бидат електрични, односно веќе нема да ги користат фосилните горива како главен извор за погон. Денес го гледаме почетокот на популарноста на овие автомобили, односно технологијата веќе е доволно развиена за да можеме да видиме комерцијално достапни електрични возила.

Норвешка се покажува како рекордер во купувањето на електрични автомобили, па според информациите, дури 30% од ново купените автомобили во оваа земја, се електрични.

Главната причина за тоа, покрај големата популарност на овие автомобили, се олеснувањата кои им следуваат на сопствениците од страна на државата.

Норвешката влада на сопствениците на електрични автомобили им овозможува ослободување од даноците за увоз, трошоците за регистрација, па дури и им овозможува да не плаќаат патарини и траекти, како и можност да ги користат лентите за автобуси во градовите.

Ова дефинитивно е добра мерка за мотивирање на граѓаните да се одлучат за електричен автомобил, наместо за некој од стандардните автомобили.

Норвешката влада планира постепено да ги намали мерките за мотивирање на граѓаните да купуваат електрични автомобили, а досега за истите има потрошено околу 1 милијарда долари.

Со тек на време мотивирањето за купување на електрични автомобили ќе биде направено во обратен правец, односно купувањето на автомобил којшто загадува повеќе, ќе ги чини граѓаните повеќе, односно ќе имаат повисоки даноци, регистрација и слично.

Главната причина за оваа мерка на норвешките власти е намалување на издувните гасови кои се сметаат како главна причина за климатските промени изминатите декади.

ИЗВОРAP
Претходна статијаШто сѐ може да се купи по цената на еден скап телефон
Следна статијаSingular доби инвестиција за глобална експанзија и развој на нови производи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.