Иднината на автомобилизмот е во целосно електричните автомобили и тоа е веќе одреден период јасно. Покрај помалиот број на компании како Tesla, кои специјално развиваат само електрични автомобили, тука се и големите производители кои сигурно нема да дозволат да останат со „застарена“ технологија на пазарот.
Голем дел од големите производители веќе најавуваат дека до 2025 година, отприлика, сите автомобили кои ги произведуваат ќе бидат целосно електрични, а повеќето ќе имаат барем по неколку такви модели.
Mercedes-Benz сигурно е една од компаниите од кои се очекува најмногу кога се во прашање автомобилите на иднината. Тие оваа недела на настан во Шведска го претставија својот Mercedes-Benz EQC400 4MATIC, SUV автомобил со погон на сите 4 тркала и кој е целосно електричен.
EQC може да помине околу 320 километри со едно полнење, иако капацитетот е поголем, па зависи од стандардите за мерење, а на крајот од стилот на возење на крајниот купувач, кога ќе ги имаме и реалните тестови.
Од 0 до 100 километри на час забрзува за 4,9 секунди и има максимална брзина од 180 километри на час, која е електронски ограничена. Батеријата има 80 kWa капацитет, а моторот има 402 коњски сили.
Она што го прави овој автомобил уште понапреден или да се изразиме и футуристички е неговата внатрешност. На предната страна е поставена модерна инструмент табла која во основа е составена од два 10,25 инчни екрани на кои се прикажуваат потребните информации.
Mercedes-Benz EQC ќе започне да се произведува идната година, до кога се очекуваат останатите информации кои не се достапни и објавени сега.