Возењето за 20 километри на час над дозволеното во земјите од соседството ќе ве чинат од 2.000 до 6.000 леки (од 16 до 50 евра) во Албанија, 35 евра во Косово, 5.000 српски динари или 40 евра во Србија, 100 евра во Грција,  помеѓу 20 и 350 левови или 10 до 175 евра во Бугарија.

Во останатите земји од регионот казните се движат од 50 конвертибилни марки или 25 евра во Босна и Херцеговина, од 50 до 150 евра во Црна Гора, 1.000 куни или 130 евра во Хрватска и 250 евра во Словенија.

Возење со вклучено средно светло е задолжително за сите држави во соседството. Во Бугарија казната за невклучени светла изнесува 25 евра, во Косово – 25 евра, во Црна Гора од 30 до 80 евра, во Босна и Херцеговина казната е од 15 до 30 евра, во Србија казната е 3 000 српски динари или околу 26 евра), во Словенија казната е 40 евра.

Во Италија светлата се задолжителни само надвор од населените места (а за невклучени светла казната изнесува 38 евра), а во Грција, Германија и Шпанија светлата се задолжителни само за мотоцикли и мопеди.

Во Хрватска е задолжително средно светло дење за сите возила од последната недела во октомври до последната недела во март – казната изнесува 300 куни или околу 40 евра.

Во Албанија средно светло е задолжително само при лоша видливост и во тунели.

Поседувањето на рефлектирачки елек е задолжително во сите држави од регионот и Европската Унија. Елекот задолжително мора да се облече кога се излегува од возилото во случај на дефект или незгода. Казните се движат од 25 евра во Србија и Бугарија, 40 евра во Хрватска, од 30 до 80 евра во Црна Гора, 100 евра во Словенија, помеѓу 41 и 137 евра во Италија и меѓу 14 и 2 180 евра во Австрија.

Сет за прва помош е задолжителен во сите земји, а ПП апарат е задолжителен во Грција и Бугарија.   

МАКПЕТРОЛ ИНФО – ПОИНТ        

Претходна статијаПаметните очила HUAWEI X GENTLE MONSTER Eyewear II се веќе достапни на македонскиот пазар
Следна статијаЕДУИНО Игратон – Креативен предизвик за учење и забава за родители и деца од 3-10 години