Познатиот корејски бренд Hyundai оваа недела го презентира својот IONIQ бренд преку кој ќе се продаваат целосно електричните автомобили од компанијата. Тие веќе еднаш го презентираа овој бренд пред 5 години, но сега имаат посериозни планови за настап на пазарот, а исто така сега веќе популарноста на електричните автомобили е многу променета.

Од Hyundai најавуваат дека нивните електрични возила ќе бидат направени во стилот на модерниот живот, ќе имаат паметна технологија во секој дел, па дури и внатрешноста ќе биде инспирирана од паметниот дом.

Во наредните неколку години се планирани 3 нови модели, кое ќе бидат од различни категории, односно од компанијата планираат да претстават седан верзии, како и SUV верзии од своите електрични модели.

Сите тие ќе работат на нивната нова E-GMP, односно Electric Global Modular Platform, за која се најавува дека ќе биде лесно прилагодлива за производство на различните модели.

За почетокот на 2021 се најавува моделот IONIQ 5, како SUV со средна големина. Ова возило е направено врз основа на концепт возилото „45“ претставено во 2019. Во 2022 се планира претставување на IONIQ 6, кое ќе биде седан возило, па потоа IONIQ 7, кое треба да биде претставено во 2024 година.

ИЗВОРARSTechnoca
ИЗВОР 2Hyundai
Претходна статијаHuawei ќе ги лансира производите од Matebook серијата на лаптопи и на македонскиот пазар
Следна статијаРусија ја одобри првата вакцина против COVID-19 во светот пред да ја помине третата и најважна фаза од нејзиното тестирање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.