Фото: Honda

На ланскиот CES настан за технологија, Honda го претстави концептот за нивната нова Honda 0 серија, односно Honda Zero серија. Се работи за целосно електрични возила со доста нестандарден дизајн, а за почеток може да се очекуваат две возила од серијата. 

На CES 2025, кој моментално се одржува, Honda ги претстави првите две возила кои може да се очекуваат од идната година. Се работи за прототип од возилата, што значи дека до идната година сигурно може да се очекуваат одредени промени, а посебно кај дизајнот на истите. 

Прототип возилата се наречени Honda 0 Saloon и Honda 0 SUV. Истите доаѓаат со најновата технологија од компанијата за електрични возила, а посебно се истакнува и можноста за автономно возење без потреба од внимание од страна на возачот. 

Фото: Honda

Овие возила ќе функционираат на целосно нов оперативен систем развиен од Honda кој е наречен ASIMO OS. Ова име е доста познато и се користеше за роботот од компанијата кој беше претставен во 2000 година. 

ASIMO OS ќе се користи како еден централен систем за функционирање на автомобилите, од климатизацијата и системот за забава, па се до автономното возење, амортизацијата и слично. 

Презентацијата на Honda 0 Saloon и SUV, како и ASIMO OS можете да ги погледнете во продолжение. 

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Honda
Претходна статијаSamsung официјално го најави Galaxy Unpacked настанот за претставување на Galaxy S25 серијата
Следна статијаNvidia ја претстави GeForce RTX 50 серијата направена на основа на Blackwell архитектурата и DLSS 4 технологијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.