Фото: Shutterstock.com

Развојот на вештачката интелигенција или поточно на јазичните модели кои се направи на основа на „регенеративната“ вештачка интелигенција, овозможуваат многу подобро корисничко искуство за повеќе работи, меѓу кои и личните дигитални асистенти.

Познатиот американски производител на автомобили, GM, сака да го искористи овој напредок и да почне со вградување на асистенти во нивните автомобили. Според информациите, кои уште се до некаде неофицијални, GM работи на развој на асистенти со технологијата од OpenAI, односно GPT алатката.

На основа на оваа алатка е направен и новиот Bing, па веќе можеме да видиме какви се капацитетите на оваа технологија и што се е можно да се постигне.

Како примери кои се истакнуваат кои би можеле да покажат какви би биле асистентите со GPT, во споредба со моментално достапните кај автомобилите, се поставувањето прашање доколку се дупне гумата и добивање одговор кој објаснува и како истата да се промени. Друг пример е можноста да се постави прашање што значи знакот на сијаличката која се има вклучено на автомобилот, а во некои земји тоа може да значи и закажување сервис директно преку асистентот.

Оваа вест е нешто што е тотално очекувано, а посебно што GPT алатката, како и конкурентните, ги гледаме како се вклучуваат во скоро секој од познатите сервиси кои ги користиме.

Во сопственост на GM се брендовите како Chevrolet, Cadillac, Buick и GMC.

ИЗВОРSemafor
Претходна статијаNASA и другите агенции следат новооткриен астероид кој има мали шанси да ја удри Земјата во 2046
Следна статијаAimi е апликација која генерира музика со помош на вештачка интелигенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.