Германскиот производител Electric Brands, кој е повеќе познат по нивното производство на скутери, излезе со концепт на целосно електрично возило какво што досега никој нема направено.

Се работи за возило кое има две основи, едната за градско возење, другата за теренско. Потоа, врз овие основи се поставуваат различни додатоци, односно се работи за модуларен концепт, со што може да се добијат повеќе видови на различни возила.

eBussy е името на возилото и истото може да се избере да биде „пикап“ возило, камион со затворен простор, минибус, универзално возило, отворено, па дури и кампер. Од компанијата истакнуваат дека ќе може да се избере помеѓу 10 варијанти, а исто така возилото ќе овозможува едноставно преместување на позицијата на воланот и контролите кои ќе може да се постават и во средина.

Иако се работи за концепт, од компанијата најавуваат дека eBussy треба да се најде на пазарот од идната година. Се планира развој на мрежа на станици за полнење, а се размислува и можност за промена на батериите на станиците, со што се добива нов капацитет за возење, без потреба од чекање да се наполни батеријата.

Инаку, два модели на батерии ќе бидат достапни, со 10 и 30KW, со што eBussy ќе може да помине 200, односно 600 километри пред да треба повторно да се полни. Во возилото исто така ќе бидат вградени и сончеви панели, како и полнење на батеријата при кочење, како што е случајот со хибридните возила.

eBussy ќе се продава со почетна цена од околу 18.000 долари, а зависно од батеријата и додатоците, цената ќе порасне до околу 33.000 долари, што мора да се каже дека со оглед на концептот, ова ќе биде прилично достапно возило, барем за купувачите од побогатите западни пазари.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2CarScoops
Претходна статијаНеофицијални информации за преговори во напредна фаза за купување на ARM од страна на Nvidia
Следна статијаGoogle го претстави Pixel 4A и ги најави Pixel 5 и Pixel 4A 5G
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.