Фото: Rivian R1S - Rivian.com

Се’ уште кога ќе се помисли на електричен автомобил, обично се помислува на некои од автомобилите на Tesla. Сепак, покрај старите производители на стандардни автомобили, на пазарот веќе има неколку директни конкуренти на Tesla кои некогаш имаат и подобри модели.

Еден таков производител е американскиот Rivian. Компанијата е основата во 2009 година, а сегашното име го добива две години подоцна во 2011.

Познатиот Маркез Браунли објави тест од Rivian R1S и во насловот кратко го поставува прашањето, дали ова е најдобриот SUV било кога направен.

Од тоа што може да се види, дефинитивно се работи за посебен автомобил со доста функции и можности за корисниците.

Видеото е во продолжение, па можете да ги видите причините за ова тврдење од Браунли и дали се сложувате со заклучокот.

Претходна статијаiPhone 15 Pro серијата сепак нема да дојде со „цврсти“ копчиња
Следна статијаSteve Jobs Archive објави бесплатна е-книга составена од интервјуа, говори и пораки од Стив Џобс
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.