По одлуката во 2019 да познатиот smart бренд на автомобили биде составен само од електрични автомобили, сега го гледаме и првиот концепт за што е тоа што можеме да го очекуваме од идната година.
Concept #1 беше презентиран од страна на компанијата и како што може да се види од сликите, smart автомобилите веќе нема да бидат препознатливи по нивната големина, односно по тоа колку се мали овие автомобили.
Возилото кое треба во слична форма да биде претставено идната година, ќе биде во SUV категоријата, иако повторно во стилот на smart возилата, тоа ќе биде доста помало од тоа што сме научени да го гледаме кај оваа категорија на возила.
Од компанијата истакнуваат дека и покрај помалите димензии на целото возило, внатрешноста ќе биде доста комотна и нема да може да се забележи дека се работи за помало возило од SUV класата.


Автомобилот ќе биде целосно електричен, а детали за тоа какви ќе бидат карактеристиките на овој план, ќе можеме да ги видиме кога ќе биде и официјално претставен моделот кој ќе се продава.
Изведбата на автомобилот е луксузна со делови кои имаат златна боја. Кровот е целосно стаклен, а генерално страничните и останатите стакла се направени да изгледаат како да се дел од едно стакло.

Голем екран во внатрешноста е задолжен за повеќето информации при возење, а ова може да се спореди со одличниот концепт кој моментално во главно може да се види кај автомобилите од Tesla.