Познатиот производител на автомобили, BMW, го претстави нивниот нов таканаречен „head-up“ екран кој ќе се користи кај автомобилите од 2025 година. Овој екран го носи името BMW Panoramic Vision и на возачот, но и другите, им ги прикажува потребните информации на целата ширина од шофершајбната.

BWM Panoramic Vision екранот е поставен на долниот дел од шофершајбната, односно не е како што би очекувале од една „head-up“ екран, односно не ги прикажува информациите директно на стаклото. Екранот е поставен на лента која простира на целата ширина од шофершајбната и со тоа им овозможува на сите во автомобилот да ги видат информациите.

Од компанијата истакнуваат дека информациите се прикажуваат со доволно голем интензитет на осветленост за да тие можат да се гледаат без проблем во било која ситуација. Корисниците можат да избираат кои информации да се прикажуваат, а во основа тука се брзината на возење, часовникот, музиката која се слуша и слично.

Главната цел на овој екран, односно на BWM Panoramic View е да возачите го задржат погледот на патот поради поставеноста на информациите во нивното видно поле.

Се планира да почне да се користи од 2025 година, поточно со претставувањето на новата генерација автомобили наречена „NEUE KLASSE“. Ова име за првпат се користи во 1960тите години кога од компанијата претставија целосно нова генерација на автомобили.

ИЗВОРEngaget
ИЗВОР 2BMW
Претходна статијаMicrosoft Build оваа година ќе се одржи на 23 – 25 мај во Сиетл
Следна статијаОваа пролет започнете ново поглавје – 4 производи кои ќе ви ја подобрат благосостојбата и ќе ви помогнат да се прилагодите на секоја промена
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.