Во текот на вчерашниот ден, Audi го претстави веќе долго очекуваниот и најавуван, e-tron. Се работи за SUV автомобил, односно како што кај нас обично се нарекуваат „џипови“. Ова е првиот целосно електричен и наменет за широка потрошувачка автомобил од Audi, но од компанијата најавија многу повеќе модели од 2020 натаму.

Веднаш може да се претпостави кои се главните конкуренти на Audi на овој пазар, па веднаш ни текнува на Tesla, но и уште неколку поголеми производители кои развиваат сопствени електрични решенија. Овие модели се почеток на иднината во која автомобилите во главно ќе бидат електрични.

E-tron е SUV автомобил кој изгледа скоро исто како и другите, „стандардните“ модели од Audi. Тоа според мене е и добро, помина времето кога електричните автомобили без чудно дизајнирани со цел да потсетат на некој футуризам.

Сепак, e-tron има по некоја мала разлика од своите бензински и дизел „браќа“, со цел да може по нешто да се распознае по улиците.

Главната карактеристика на Audi e-tron е технологијата која е вклучена во овој автомобил, односно кратко кажано, тој е полн со неа. Една од главните работи по кои почна да се распознава автомобилот за време на неговото време како концепт, беше тоа што тој нема класични ретровизори. Наместо нив, тој има камери, а сликата од нив се прикажува на вратите, нешто подолу од тоа што сме научени со ретровизор.

Сепак, оваа технологија не е одобрена во САД, па таму овој автомобил ќе дојде со класични ретровизори, што делумно ќе влијае во намалување на неговата аеродинамичност.

E-tron има погон на сите тркала, како и другите Audi возила од неговата класа, односно доаѓа со на Audi познатиот „quattro“ погон, сега „напојуван“ од електро мотори.

Електричните мотори се напојувани од батерии со капацитет од 95 kWh, а автомобилот може да збрза од 0 до 100 за 5,5 секунди во посилниот режим, односно за 6,5 во стандардниот.

Audi e-tron ги користи електро моторите и во системот за кочење. Покрај стандардниот систем на кочење со дискови, e-tron ги користи и електро моторите за забавување на возилото, со што се добива помала потреба од константно користење на дисковите.

Автомобилот ќе има почетна цена од 74.800 долари, а ќе има и поскапи модели. Оваа цена е очекувана кога ќе се земе во предвид цената на другите „џипови“ од Audi, меѓутоа и технологијата која се користи во овој.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаРСБСП со апел: Биди одговорен учесник во сообраќајот. Биди дел од акцијата „Европски ден без жртви во сообраќајот“
Следна статијаSony ја претстави PlayStation Classic – ретро конзола која ќе стане достапна од овој декември
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.