Honda и Sony конечно го имаат подготвено автомобилот кој е развиен во соработка помеѓу овие две компании. Доста време помина додека концептот од најавената соработка стане официјално достапен, па оваа година тоа конечно ќе се случи.
За почеток Afeela 1 изгледа ќе може да се нарача само во Калифорнија во САД, а корисниците ќе можат да ги очекуваат нивните автомобили идната година, а за поевтиниот модел дури 2027.
Достапни се два модели, Afeela 1 Origin и Afeela 1 Signature. Цената во САД на автомобилите ќе биде 89.900 долари, односно 102.900 долари, со што станува јасно дека не се планира толку масовна продажба.
Двата модели не се разликуваат нешто посебно, односно на дизајн се исти, а има мала разлика во големината на тркалата и слично.
Автомобилите се целосно електрични и се очекува дека ќе можат да поминат околу 500 километри со едно полнење кое е компатибилно со полначите од Tesla. Исто така тие ќе имаат одредено ниво на автономност, но не целосна, а за оваа можност ќе бидат достапни околу 40 сензори.
Очекувано, автомобилите внатре се направени да изгледаат едноставно и модерно, па на предната страна се што има е голем екран по целата должина.
Засега нема повеќе детали за овие автомобили кои ќе станат официјално достапни идната година најрано, па ќе мора да почекаме до тогаш за првите тестови и оценки.