Зборувањето на мобилен телефон за време на возењето е забрането и се казнува со 2.500 денари или 40 евра, освен ако возачот не користи безжично поврзување на телефонот со автомобилот или некој друг уред што овозможува зборување без користење на рацете.

Според податоците на Светската здравствена организација – СЗО, возачите кои користат мобилен телефон имаат за четири пати повеќе шанси да предизвикаат сообраќајна несреќа во споредба со возачите кои не користат мобилен телефон.

Според Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – РСБСП, одвлеченото внимание кај возачите како ризик-фактор, кој ја загрозува безбедноста на сообраќајот на патиштата, има тренд на зголемување, со постојаниот развој на технологијата и сѐ поголемото користење во возилата. Според некои меѓународни истражувања, одвлеченото внимание на возачот е причина за 20 до 25 проценти од сите сообраќајни незгоди.

Истражувањето на РСБСП од 2018 година покажува дека во нашата земја 63 проценти од возачите користеле мобилен телефон при возење, додека според истражувањата на светско ниво тоа е околу 45 проценти.

МАКПЕТРОЛ ИНФО – ПОИНТ

Претходна статијаVIVAX – топлината во вашиот дом повеќе од 16 години
Следна статијаHuawei P smart 2021 донесува одличен избор на апликации преку AppGallery, одлична камера и супер достапна цена