Во време кога се почесто гледаме претставување на целосно електрични автомобили од традиционалните производители, Audi го претстави својот одличен и скап e-tron GT. Ова е и очекувано од Volkswagen кои ја истакнаа својата посветеност кон развојот на електрични автомобили кога ја пренаменија својата фабрика во Цвикау во најголемата фабрика за електрични автомобили во Европа.

Главната карактеристика која може да се истакне за Audi e-tron GT е што автомобилот е направен на истата технологија за првпат претставена кај Porsche Taycan. Тоа значи дека корисниците може да знаат што да очекуваат, а овој пат „спакувано“ во изгледот на Audi, автомобилски бренд кој е јасно колку фанови има.

Audi e-tron GT ќе има две варијанти кои ќе имаат и различни цени, а цената исто така ќе зависи и од дополнителната опрема која ќе биде достапна. Основниот модел, Audi e-tron GT Quatro ќе се продава по почетна цена од 99.800 евра, додека посилниот Audi e-tron GT RS ќе има почетна цена од 138.200 евра.

Јасно е за каков автомобил се работи и јасно е дека не е наменет за широка достапност од повеќето корисници. Исто така, со карактеристиките, а и цената, може да се каже дека Audi E-Tron GT ќе биде конкурент на Tesla Model S, иако Tesla има некои предности и уникатни карактеристики.

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч кај e-tron GT се очекува дека ќе биде од 3,3 до 4,1 секунди, зависно од моделот.

Батериите кај двата модели ќе овозможуваат поминување на околу 488 километри со едно полнење, а се најавува дека со 5 минути полнење може да се очекуваат додатни 100 километри, што е одлично.

Официјалното претставување на автомобилот можете да го погледнете во продолжение.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаSamsung технологиите со 44 награди за иновации на CES 2021
Следна статијаMozilla работи на нови промени во изгледот на Firefox, а веќе може да се види какви ќе бидат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.