ZDfD

Zoho Corporation, кој стојат позади голем број на популарни мобилни апликации, излегоа со десктоп верзија на Zoho Docs клиентот, достапна за инсталација на Windows, Mac и Linux компјутери.

“Zoho Docs for Desktop” апликацијата овозможува синхронизација со Zoho Docs веб сервисот за менаџирање со документи кој вклучува и интегрирана онлајн колекција на офис апликации. На располагање ќе бидат достапни повеќе опции за синхронизација, помеѓу кои:

Instant file sync опцијата преку која ќе може инстантно да се синхронизираат фајлови помеѓу Zoho Docs веб сервисот и повеќе локални компјутери кои се поврзани со Zoho Docs акаунтот.

Team coordination опцијата овозможува синхронизација на работен простор помеѓу повеќе корисници, а измените на фајловите во работниот простор ќе може да се видат кај секој корисник.

Selective sync опцијата со која ќе може да изберете поединечни фолдери и фајлови за синхонизација, а доколку имате повеќе компјутери на секој може да изберете различна комбинација зависно од потребите.

Offline operation опцијата дозволува корисниците да работат со фајловите во Zoho Docs фолдерите на своите компјутери и доколку не се поврзани со интернет, а измените автоматски ќе се синхронизираат кога ќе се воспостави интернет конекција.

Освен новите опции за синхронизација, Zoho Docs вклучува и подобрена функционална интеграција помеѓу Zoho Writer, Zoho Sheet и Zoho Show офис апликациите. Корисничкиот интерфејс на Zoho Docs е преработен со цел да обезбеди конзистентен и чист изглед за полесен менаџмент со фајловите.

“Zoho Docs for Desktop” апликацијата е бесплатна и вклучува 5 гигабајти онлајн простор за чување на фајлови, а бројот на корисници е неограничен. Доколку имате потреба од повеќе, за 5 долари месечно добивате 250 гигабајти простор кој треба да се дели со минимум 5 корисници, додека за 8 долари месечно се добива на располагање 1 терабајт простор и е потребен минимум од 10 корисници.

Претходна статијаNVIDIA ги објави новите 327.23 WHQL драјвери
Следна статијаYouTube најави offline viewing опција за своите мобилни апликации