Фото: Shutterstock.com

YouTube планира да му конкурира на екстра познатиот TikTok со воведување на можност за објава на кратки видеа преку нивната апликација на Android и iOS. За почеток тестот е ограничен на мал број на YouTube креатори на кои ќе им се појави ново копче во делот за прикачување на видеа, односно копчето „create a video“.

Видеата кои ќе може да се прикачат се во траење од 15 секунди, а корисникот ќе може да снима повеќе пати додека не ја достигне таа должина, по што YouTube автоматски ќе ги спои кратките клипови.

Ова е познатиот начин на којшто функционира TikTok, со тоа што овој сервис овозможува и додавање на разни ефекти, филтри, музика и слично, нешто што во тестот на YouTube не им е достапно на корисниците.

Уште не е јасно каде ќе се појавуваат овие „TikTok стил“ видеа, односно дали ќе се прикажуваат како обични видеа, дали ќе биде додаден целосно нов дел во апликацијата каде ќе може да се гледаат или нешто трето.

Инаку, TikTok се познати по видеа во кои најчесто корисниците се сликаат како играат со некоја кореографија или како прават одредени кратки „глуми“ од нивни „сценарија“. Доста популарни станаа видеата како се игра со истата кореографија на истата песна, па корисниците покажуваат кој може подобро да одигра.

TikTok покрај тоа се познати и по критиките за приватноста на корисниците, нешто што можеби отвара простор за конкуренција од западните компании, за тие што сметаат дека може повеќе да им се верува.

ИЗВОРPhoneDog
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаНеопходен е Закон за биогорива за остварување на целите за декарбонизација во транспортот
Следна статијаFacebook ќе ги информира корисниците кога сакаат да споделат стара статија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.