Your Phone апликацијата за Windows 10 од Microsoft се покажа како една од најкорисните апликации достапни за корисниците. Со оваа апликација, корисниците можат слободно да го остават својот телефон на работната маса или било каде, па се што им треба од уредот да го контролираат или гледаат, да го прават преку нивниот компјутер.

Оваа апликација добива се повеќе можности, а најновата најавена оваа недела е можеби и најкорисната од сите досега. Истата е најавена заедно со новите Galaxy Note20 уреди кои ќе имаат ексклузивна можност, а исто така сега за сега Your Phone во главно работи со телефоните од Samsung.

Корисниците на сите канали од Windows Insider програмата веќе можат да почнат со тестирање, а останатите може да ја очекуваат новата функција до крајот на годината.

Новата функција овозможува Android апликациите да се вклучат на Windows 10 преку посебен прозор. Ова треба да биде многу попрактично и пријатно за користење во споредба со моментално достапната функција за контрола на екранот на мобилниот преку компјутерот.

Апликациите од Android телефонот ќе бидат прикажани во посебна листа на Your Phone апликацијата, а корисниците ќе можат да избираат и омилени апликации кои ќе се прикажуваат први на листата за полесен пристап.

Исто така, овие апликации ќе може да се прикачат на Старт менито или на таскбарот со што Your Phone апликацијата нема да мора ни да се вклучи за да се пристапи до нив.

Ексклузивната функција која ќе ја имаат корисниците на Galaxy Note20 е можноста за вклучување на повеќе апликации во исто време, но од Microsoft најавија дека можноста ќе ја прошират и на други уреди во иднина.

Доколку оваа функција е доволно добро направена за да функционира брзо и мазно, може да се каже дека ќе го пополни до некаде недостатокот на апликации на Windows 10, односно апликации кои се популарни на мобилните уреди.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаОфицијален „Unboxing“ од Samsung на Galaxy Note20 Ultra
Следна статијаGalaxy Tab S7|S7+: Нови Samsung таблети за работа и забава
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.