WhatsApp, една од најпознатите апликации за разговори во светот, во сопственост на Facebook, воведува можност за „исчезнување“ на пораките после 7 дена. Ваква можност обично е карактеристична кај апликациите кои овозможуваат поголема приватност на разговорите, каква што е WhatsApp со нејзиното шифрирање на разговорите и неможност никој да ги види.

Нестандарден е рокот кој е поставен во овој случај, односно пораките може да се намести да се избришат после 7 дена. Обично апликациите нудат поголем избор, па бришењето може да се намести да биде и веднаш кога другата страна ќе ја прочита пораката.

Во овој случај Facebook има нешто поразлична замисла. Тие истакнуваат дека не сите пораки се замислени да останат подолго време зачувани, па сакаат да овозможат начин на комуникација кој е повеќе сличен со комуникацијата во живо кога после одреден период и се заборава на направениот разговор.

Од компанијата истакнуваат и дека оваа нова функција не треба да се користи кога се разговара со луѓе на кои не им се верува и дека сепак не е замислена како заштита од такви ситуации. Пораките остануваат доколку се препратени во друг разговор каде не е вклучена оваа функција.

Вклучувањето на можноста за исчезнување на пораките се вклучува од било која страна во еден разговор, со притискање на името на соговорникот, каде се достапни дополнителни информации и прилагодувања.

Во групните пораки контролата на функцијата ја имаат секако администраторите на групата.

Пораките кои се испратени по вклучувањето на функцијата ќе бидат избришани, додека претходните пораки ќе останат. Исто така, функцијата може да се исклучи и да се продолжи со стандардна комуникација.

ИЗВОРWhatsApp
Претходна статијаНеофицијалните информации го најавуваат претставувањето на Galaxy S21 на 14-ти јануари
Следна статијаСо Razer Book 13 овој гејминг производител влегува на „обичниот“ пазар на лаптоп компјутери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.