Пребарувањето на интернет има спротивен ефект во однос на брзината на вашиот компјутер. Ова се должи благодарение на огромниот број на веб колачиња инсталирани на вашиот компјтер од страна на веб серверите. Но затоа постојат алатки кои ви овозможува да се ослободите од сите тие непожелни фајлови. CCleaner го прави токму тоа, и како најпопуларна алатка од овој тип за која Аваст тврди дека брои над 2 милијарди симнувања, не е имуна на хакерски напади.

Нападот бил извршен по објавувањето на верзијата 5.33, и пред да се објави верзијата 5.34 која е и безбедна и препорачлива за инсталација. Безбедносни истражувачи на Cisco’s Talos Group откриле успешен напад кој бил искористен да биде вметнат малвер во две верзии на CCleanr. Верзијата CCleaner 5.33.6162 и CCleaner Cloud 1.07.3191, кои и двете биле пуштени во средината на август, и се смета дека зафатила оклоу 2.23 милиони корисници кои ја имаат симнато оваа верзија.

Само 32 – битните верзии на програмата биле биле вклучени во нападот.

Сега има нова верзија која била пуштена минатата недела и со тоа се отстранил малверот. Но сепак препорачливо е компјутерите да се скнираат со анти вирус за да осигура дека вирусот и малциозната верзијата се отстранети.

Izvori: gHacks, Wired, The Verge

Претходна статијаPyka – Првиот автономен личен авион
Следна статијаСатја Надела од Microsoft препорачува 7 книги кои морате да ги прочитате