(Видео) Прв поглед на Microsoft Edge направен на основа на Chromium

Видеото е направено од Windows Central кои имаат пристап до развојните верзии од новиот прелистувач

Microsoft Edge којшто ќе биде направен на основа на Chromium, е се’ уште во изработка, но изгледа денот на пуштањето на првите тест верзии се ближи.

Дечките од Windows Central имаат добиено тест верзија која е во поодмината фаза на развој од сликите кои можевме да ги видиме пред некоја недела.

На видеото се гледа дека е почната работата на измена на корисничкиот интерфејс, кој сега изгледа повеќе како моменталната верзија од Edge, а тука се и новите прилагодувања на кои се гледа дека има уште работа.

Од Windows Central истакнуваат дека прелистувачот работи брзо и стабилно, како што работи и Google Chrome, а повеќе можете и самите да погледнете.

Видеото е на почетокот од статијата, па кажете што мислите за Edge на Chromium до сега, како и за целата одлука на Microsoft.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаТемната тема на Chrome за Windows достапна во бета верзијата од Chrome 74
Следна статијаApple ја претстави Apple Card кредитната картичка која едноставно ќе се активира преку iPhone
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.