Почнувајќи од верзијата 4.0 на својот познат интернет прелистувач Firefox, Mozilla започна со циклус на брзи надградби. Ова значи дека за разлика од претходната практика на надградба на прелистувачот во подолг временски период, Mozilla своите надградби сега ги издава на секои 6 недели. Со тоа бројот на најновата верзија е стигнат до 23. На оваа верзија се надградени сите верзии на прелистувачот, односно Firefox за Windows, Mac, Linux и Android.

Покрај стандардните сигурносни подобрувања, како и подобрувања на перформансите,  најновата верзија ги носи следните подобрувања: копче за споделување на содржина (share), блокирање на мешана содржина (mixed content blocker) и алатка за мониторирање на мрежата (network monitor tool). Од оваа верзија исто така се користи и новото лого.

firefox

Од оваа верзија развивачите ќе може да им овозможат на корисниците да споделуваат содржина со еден клик на копчето за споделување. Ова значи дека со користење на Facebook messenger for firefox на пример, ќе можете да додадете копче преку кое што ќе можете да ја споделувате содржината која што сакате само со кликање на истото. До сега потребно беше копирање на адресата на страната директно на Facebook.

Блокирањето на мешана содржина е нешто што другите прелистувачи, односно Internet Explorer и Google Chrome, веќе одреден период го имаат воведено. Поточно, прелистувачот ќе спречи секоја несигурна (HTTP) содржина на веб страната да биде прочитана или променета на било каков начин од страна на потенцијален напаѓач, блокирајќи ја несигурната содржина и можноста да биде компромитирана. Ова е корисно во ситуација кога се прелистува содржина преку сигурносен протокол (HTTPS), а веб страната содржи и сигурна и несигурна содржина. Доколку сакате да дознаете повеќе, можете да прочитате тука.

Алатката за мониторирање на мрежата е повеќе наменете за развивачите на содржина (developers). Со оваа алатка секоја компонента од веб страницата е прикажана посебно со информација за тоа колку време е потребно секоја од нив да биде вчитана.

Доколку сакате да прочитате повеќе за што е ново во оваа верзија на Firefox, можете да прочитате на официјалната страна на следниот линк: http://www.mozilla.org/en-US/firefox/23.0/releasenotes/ .

Подобрувања со новата верзија има и за Android платформата. Покрај стандардните сигурносни и подобрувања на перформансите има и одредени специфични подобрувања можни конкретно на оваа платформа. Како и Chrome for Android сега и Firefox ја сокрива лентата за навигација додека ја прелистувате содржината на страната, добивајќи повеќе простор за прикажување на содржината. Истата се појавува кога ќе почнете да го движите екранот нагоре.

Исто така Firefox за Android ги автоматски ги довршува адресите што ги пишувате, па не мора секој пат да ја внесувате адресата целосно. Сето ова е овозможено како дел од новата лента наречена “Awesome bar”.

 

Претходна статијаКако да го исклучите четот за одредени пријатели на Facebook
Следна статијаRevo Uninstaller Pro – Целосно отстранете ги остатоците од програмата што ја бришете
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.