Shutterstock.com

По потврдата од страна на Microsoft дека се во преговори за можно купување на TikTok од страна на ByteDance, иднината на овој сервис во САД и уште неколку земји стана посветла. Оваа кинеска апликација е забранета во доста владини служби, како и компании, а минатата недела претседателот Трамп донесе и извршна одлука со која се забрануваат сите трансакции со компанијата сопственик на сервисот ByteDance.

Крајниот резултат сепак ќе биде целосна забрана за апликацијата во САД поради обвинувања кои се стандардни за повеќето кинески компании и сервиси, а тоа е дека преку нив кинеската комунистичка партија добива пристап до податоци за американските корисници. Кога ќе се земе во предвид дека голем дел од корисниците се и вработени во државните институции, TikTok апликацијата е означена како закана за националната безбедност, слично како и опремата на Huawei.

Според информации од The Wall Street Journal, Twitter се исто така заинтересирани за купување на сервисот, иако финансиската моќ на оваа компанија не може да се спореди со таа на Microsoft, па се поставува прашањето дали би биле во можност воопшто да ја платат потребната сума.

Сепак, се истакнува дека со помош на други инвеститори Twitter би можеле да дојдат до потребните финансии за постигнување на договор, но сега за сега Microsoft остануваат најсериозната можност за купување на сервисот.

TikTok е еден од повеќе познатите сервиси на пазарот, па може да се каже дека успешно се приближува до популарност на Instagram, иако не се работи за баш исти апликации. Доказ за тоа колку е сериозен овој сервис е и пуштањето на сопствена верзија од страна на Facebook, наречена Instagram Reels.

ИЗВОРGizmodo
Претходна статијаФестивал на современиот европски анимиран филм во МКЦ
Следна статијаToshiba целосно излезе од пазарот на лаптопи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.