Instagram како друштвена мрежа станува се повеќе популарна, а може да се каже дека во последно време е и најмногу користената мрежа. Се повеќе корисници се одлучуваат за гледање на слики, кратки видеа и приказни, во споредба со текстуалните објави и линкови на Facebook.

Како и обично, кога нешто има голема популарност, секогаш се наоѓа некој којшто сака да ги искористи, односно злоупотреби истото. Нa Instagram се присутни голем број на јавни профили кои треба да се на јавни личности, како политичари, глумци, медиуми и слично, профили на кои корисниците им веруваат за информациите кои од нив ги добиваат.

Со цел да ги заштити на еден начин, своите корисници од лажните профили кои тврдат дека се нешто што не се, профилите кои на таков начин шират разни проверени и непроверени информации, од компанијата воведуваат три нови „мерки“ кои треба да го подобрат справувањето со овие профили.

Првата е About This Account“ дел којшто ќе стане достапен јавно за профилите кои имаат поголем број на следбеници. Во овој дел, којшто ќе биде достапен преку менито на профилот, корисниците ќе можат да видат кога профилот е креиран, од која земја е, кои се моменталните реклами за кои плаќа, кои се претходните имиња кои се користени, како и со кои други профили имаат заеднички следбеници.

Со овие информации корисниците подобро ќе можат да проценат дали се работи за вистински и сериозен профил или некој креиран специјално за „злоупотреба“ на мрежата.

Втората новина е достапноста на формулар за поднесување на барање за беџ за верификуван профил. Корисниците ќе можат да дојдат до формуларот преку прилагодувањата на нивниот профил, да ги испратат потребните информации со кои ќе докажат дека се тие коишто тврдат дека се, по што од компанијата ќе можат да одлучат дали ќе им биде одобрен беџот.

Третата новина се однесува на сите корисници, а е можноста за користење на апликации за генерирање на код за дво-факторска автентикација. Досега најавувањето со вклучена дво-факторска автентикација се правеше со добивање на код преку SMS, меѓутоа генерирањето преку апликација на самиот мобилен е подобро и побрзо решение.

Новините ќе станат достапни во периодот што следи, па ќе може да се видат на профилите од корисниците, односно во прилагодувањата од апликацијата на мобилните.

ИЗВОРInstagram
Претходна статијаСите три Galaxy S10 модели ќе имаат сензор за отпечатоци под екранот
Следна статијаDC vs. Marvel: Зошто Марвел не може да утне, а ДЦ да погоди?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.