Поминати се повеќе од година дена од официјалното пуштање на Microsoft Edge направен на основа на отворениот Chromium код кој од компанијата се решија да го користат по неуспехот на сега наречениот Microsoft Edge Legacy.

Microsoft Edge требаше да биде модерната замена на Internet Explorer кој одамна не се користи од страна на корисниците, а е и предмет на многу шеги. Сепак, Microsoft не успеа да им понуди на корисниците прелистувач кој би сакале да го користат, прелистувач кој не се покажа компатибилен како што треба со страните, а изборот на додатоци исто така беше доста мал.

Microsoft Edge направен на Chromium се покажа како правиот избор на Microsoft, па сега може да се каже дека од компанијата имаат одличен конкурент на пазарот, направен на основа на технологијата на која е направен прелистувачот број 1, Google Chrome.

Со посебна надградба која ќе биде дел од стандардната месечна надградба на Windows 10, Microsoft Edge Legacy конечно ќе биде избришан од оперативниот систем, а доколку тоа веќе не е случајот, новата верзија од Edge ќе биде инсталирана.

Поддршката за Edge Legacy официјално ќе заврши на 9-ти март, по што овој прелистувач веќе нема да добива безбедносни надградби.

За повеќето корисници оваа надградба ќе помине незабележано, барем што се однесува до нивниот прелистувач, поради тоа што шансите се сепак дека тие го користат Google Chrome.

Повеќе информации за промените кои ќе следат поврзани со Microsoft Edge можете да ги погледнете на следниот линк.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаПрва во индустријата, иновативна соработка помеѓу македонската компанија Солар Дата Колектор и СекондСол
Следна статијаПатувањето на Samsung Galaxy S21 телефонот од контрола на квалитетот до корисниците ширум светот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.