Shutterstock.com

Новата можност на Snapchat, која ја најавија уште на почетокот на летото, од денес е пуштена во употреба за корисниците на iOS. Во време кога иднината на TikTok е дискутабилна, Snapchat презема вистински потег и стана директен конкурент со тоа што им овозможи на корисниците да додаваат музика на своите видеа.

Објавата на новитетот беше исто така спектакуларна, во соработка со Justin Bieber беше промовирана неговата нова песна „Lonely” и корисниците имаа можност да ја постават на своите видеа. Компанијата почнала да ја тестира оваа алатка во август и во меѓувреме потпишале долгогодишни договори со повеќе издавачки куќи како што се NMPA, Universal Music Publishing Group, Warner Chappell Music, BMG, и други. 

Она што ги прави поразлични од TikTok е опцијата што овозможува при слушањето на некоја песна која е поставена на видео, со притискање да ги добиеме сите податоци за неа како што се името на песната, името на изведувачот, албумот од кој што е дел и линк кој што не води до таа песна, со можност за слушање на Spotify, Apple Music или SoundCloud. 

Покрај тоа што состојбата со TikTok во САД е нестабилна, апликацијата се’ уште спаѓа во една од најпопуларните со 100 милиони активни корисници на месечно ниво. Конкурентските компании се спремни со алтернативи за TikTok, но Snapchat со досегашното работење успешно допира до 90% од младата публика (од 13 до 24 години), што се смета за огромна предност. 

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаКоја возрасна група треба прва да ја добие вакцината против COVID-19 според едно истражување?
Следна статијаGoogle ти овозможува да пронајдеш песна „потпевнувајќи“