Shutterstock.com

Google Photos прерасна во одлична апликација кога беше пренаменета и поврзана со облакот пред некоја година. Главната функција која ја прави апликацијата привлечна за користење е можноста за зачувување на сликите во облакот, па доколку се избере висок, наместо оригинален квалитет, просторот за слики е неограничен.

Апликацијата, нешто што е стандардно за 2019, веќе одамна овозможува пребарување на сликите според објектот во нив. Истото секако се прави со помош на вештачката интелигенција, па луѓето може да пребаруваат според контекстот во сликата, па и според луѓето во истата.

Сега Google Photos ќе почне да овозможува пребарување на сликите според текстот во нив. Покрај тоа, со помош на Lens, текстот во сликите ќе може да се „извади“ и копира за да се искористи без потреба од негово препишување.

Ова е одлична функција кога често работите со слики од екранот, кога зачувувате одредени пишани работи наместо да ги препишувате и слично.

Оваа нова можност на Google Photos ќе биде пуштена во периодот што следи, постепено како и секогаш, па ако уште не ви е достапна, ќе ви биде наскоро.

ИЗВОР9to5Google
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаYouTube ја откажува можноста за испраќање на приватни пораки помеѓу корисниците
Следна статијаEl Camino е името на филмот кој ќе претставува продолжеток на познатата серија Breaking Bad
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.