Microsoft можеби го рекламира Skype како сервис наменет пред се за сериозна комуникација, но се чини не може да одолее на новитетите во технологијата, кои ги привлекуваат пред се помладите и кои се сѐ, само не сериозни, како на пример филтрите за лицето кога сликате селфи (изменета реалност), кои вклучуваат стикери и секакви останати информации.

Филтрите кои се вградени во Skype апликациите за iOS и Android, според Microsoft ги користат нивните алгоритми за машинско учење, што значи дека ова е можеби начин на кој тие ќе ги покажат своите достигнувања на тоа поле, што и не е толку лоша работа. Но, се чини дека во Skype и не треба да има место за ваков тип на технологија, особено што него пред сѐ го користат бизнис корисниците за комуникација.

Како и да е, и покрај тоа што идејата за вакви филтри е на Snapchat, Microsoft има неколку свои адути, кои со помош на машинското учење можат да ја одредат староста на човекот на фотографијата, односно неговата емоција, што е прилично тешко за одредување дури и за луѓето. Исто така, со помош на оваа технологија може да одредите и на која позната личност личите, што е исто така „веќе видено“, но Microsoft ветува поголема прецизност.

Сите овие „подобрувања“ во Skype апликацијата сум сигурен дека нема да направат особено многу за зголемување на нивната база на корисници, но младите би можеле да почнат да ги користат за да бидат поразлични, бидејќи филтрите од Snapchat и Instagram веќе станаа досадни, нели.

Извор: Engadget, Mashable, Digital Trends

Претходна статијаXiaomi Mi Mix 2S ќе има засек во горниот дел на дисплејот како iPhone X
Следна статијаFacebook ќе ги штити корисниците од објава на нивни тајни слики преку превентивно испраќање на тие слики