siri ios7

Со најновата верзија на iOS Siri исто така добива подобрување и унапредување на работењето. Siri сега треба да работи попаметно, побрзо, а исто така сега може да изберете и машки глас, покрај стандардниот и познат женски. Со новата верзија исто така се унапредени и работите што можете да ги извршите преку Siri, па во продолжение ви претставуваме 7 од нив.

1.       Промена на подесувањата

Сега можете да ги палите и гасите Bluetooth, Wi-Fi и слични други прекинувачи преку гласовна команда. Исто така доколку не знаете каде се наоѓа некое подесување, само ќе кажете на Siri и ќе ве однесе во подесувањето што ви треба.

2.       Тренирајте го системот да препознава необични имиња

Ова е доста корисна можност за нашиот јазик со оглед на тоа што сите наши имиња би спаѓале во категоријата необични поради немањето поддршка за Македонски јазик. Со изговарање на “pronounce” , па името што сакате да биде истренирано се покренува процедурата за учење. Следете ја процедурата и името ќе биде запаметено онака како што навистина треба да биде изговорено.

3.       Поголема Twitter интеграција

До сега интеграцијата беше на прилично основно ниво. Сега можете да пребарувате конкретни работи на Twitter, како на пример, Што е ново на smartportal.mk? или да пребарувате конкретни hash ознаки.

4.       Избор на пребарувач

Стандардниот пребарувач на Siri е Bing од Microsoft, но можете да додадете пред секое пребарување име на некој од другите пребарувачи и Siri ќе ви даде резултатите од нив.

5.       Читање на email пораките

Оваа функција е исто така подобрена, па наместо само да добиете информација за тоа дали имате нови пораки, сега може да побарате од Siri да ги прочита вашите пораки. Исто така можете да бидете и поконкретни, односно да побарате од Siri да прочите порака од одреден испраќач и слично.

6.       Исклучување на навигацијата

Како што и самото име кажува, по пристигање на дестинацијата до која што одите, може да побарате од Siri да ја исклучи навигацијата и GPS-от.

7.       Пуштете го iTunes радиото

Се што можете да побарате на радиото, Siri може да го пушти. Изберте одредена група или жанр и Siri ќе ја креира станицата и ќе ви ја пушти. Повеќе за новото iTunes радио може да проичитате на следниот линк https://www.smartportal.mk/softver/itunes-%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BE/ .

Претходна статијаAmazon претстави 3 нови Kindle Fire таблет компјутери
Следна статијаFacebook за Windows Phone
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.