Фото: Shutterstock.com

Microsoft повеќе пати потврди дека новиот Edge прелистувач, направен на отворениот код од Chromium проектот, ќе стане достапен и на Linux. За разлика од претходните верзии од прелистувачот, оваа направена на Chromium полесно е да се овозможи и на Linux, поради тоа што кодот веќе е спремен и прилагоден, иако Microsoft мора да ги прилагоди деловите кои тие ги менуваат.

Како и да е, Microsoft Edge конечно станува достапен и на Linux, поточно почнува процесот со пуштање прво на тест верзија наменета во главно за програмерите, иако нема ограничување да ја инсталира кој сака.

Од тимот кој работи на развој на Edge, преку нивниот Twitter профил, најавија дека достапноста на оваа тест верзија на Linux ќе биде во октомври, иако не најавија точна дата. Корисниците ќе можат да го инсталираат Edge преку страната од прелистувачот, а секако на Linux се достапни и таканаречените „package manager“ алатки.

Microsoft Edge на Linux се очекува дека ќе биде ист како на другите платформи, односно нема причина зошто тоа не би било така, а не се очекува и недостаток на некоја од достапни функции. Тоа значи дека корисниците на Linux ќе ги имаат сите функции по кои е познат овој прелистувач.

Интересно ќе биде да се види дали Linux корисниците, кои обично не се големи фанови на Microosft, ќе сакаат да го користат Edge, односно дали бројката на корисниците ќе биде доволно голема за да се нарече прелистувачот конкуренција.

Претходна статијаRoyole почнува со продажба на нивниот FlexPai 2 телефон со екран кој се превиткува
Следна статијаSamsung го претстави Galaxy S20 FE со пониска цена, а сепак карактеристики од највисоката класа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.