Фото: Shutterstock.com

Минатата година Google најави дека работи на ново решение за Google Chrome кое ќе треба да им овозможи приватност на корисниците во време кога нивните интернет навики се следени со цел прикажување на за нив важни реклами. Во исто време, ова решение треба да им овозможи на огласувачите да сепак можат да им ги прикажат саканите реклами на корисниците со цел да може да продолжат со функционирање огромниот број на веб страни чиј единствен извор на финансии се рекламите.

Ова решение е наречено Privacy Sandbox и главната новина која ќе ја донесе е целосното блокирање на колачињата од трети страни, кои се користат за следење, но исто така и додатните методи за следење, како на пример „fingerprinting“.

Уште не е точно познато како од Google планираат да овозможат реклами на корисниците кои се на основа на нивните интереси, а сепак да им биде заштитена приватност. Според некои, од ова решение може најмногу корист на крај да имаат од Google, односно нивниот систем за реклами.

Privacy Sandbox е дојден до фаза кога веќе може да почне да се тестира кај корисниците. Оваа можност е достапна во Canary верзиите од Chrome и Chromium, што значи дека може да се очекува идната година. Кога точно не е познато, а појасно ќе стане кога ќе премине барем во Dev верзијата, пред Beta.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаАЕТМ: Околу 8% од вкупните онлајн трансакции се од интернет игрите на среќа
Следна статијаLet’s Encrypt најде решение за корисниците на постари Android уреди да не изгубат пристап до шифрираните веб страни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.