Speedtest од Ookla, односно „speedtest.net“ е најпознатиот сервис за мерење на брзината на интернет конекцијата веќе одамна. Овој сервис со текот на годините доби подобрување на корисничкиот интерфејс, додатни функции, како и апликации за сите платформи, покрај пристапот преку десктоп интернет прелистувач.

Од Ookla најавија дека Speedtest добива нов тест кој може да ја провери способноста на мрежата на корисникот за стриминг на видео содржина. Од компанијата истакнуваат дека само мерењето на брзината на интернет конекцијата, иако важно како мерка, не е доволно за да се добие претстава каква е можноста за видео стриминг.

Причината за тоа се истакнува во различниот начин на приоретизирање на видео содржината од страна на интернет операторите во споредба со остатокот од сообраќајот. Тоа значи дека само брзината на интернет пристапот, која во денешно време најчесто е доста голема, не мора да значи и добра брзина за стриминг на видео содржина.

Во најновата верзија од Speedtest за iOS, заедно со одредена промена на корисничкиот интерфејс на апликацијата, додаден е посебен „таб“ во долниот дел со икона од видео. Во овој дел се прави тестот кој вклучува прикажување на видео содржина. Резултатот прикажува која е максимална резолуција која може да се стримува со брзината, како и предлог на каков уред е препорачано да се гледа.

Од Ookla истакнуваат дека историјата на тестирања за видео стриминг може да се искористи од страна на корисниците доколку имаат потреба да поднесат приговор кај нивниот оператор, односно интернет провајдер.

Доколку тестовите покажуваат добра конекција, но корисникот повторно не може да го гледа видеото кое сака преку одреден сервис, тие го препорачуваат нивниот друг сервис за проверка дали некој од познатите сервиси има проблем со достапноста. Проверката може да се направи на Downdetector.

ИЗВОРOokla
Претходна статијаПатувањето на Samsung Galaxy S21 телефонот од контрола на квалитетот до корисниците ширум светот
Следна статијаMicrosoft официјално го претстави своето решение за синхронизација и пополнување на лозинки на сите платформи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.