Instagram одамна е достапна како апликација за Windows 10 преку Microsoft Store. Истата беше направена како апликација врз основа на iOS верзијата прилагодена за Windows со тогаш уште надежната универзална платформа.

Апликацијата беше одлична, а ги имаше и повеќето функции кои им беа достапни на корисниците на мобилните. Преку оваа апликација корисниците можеа, покрај тоа да го разгледуваат својот профил, да добиваат и испраќаат пораки, па со тоа не мораа да го вадат својот мобилен кога е на компјутер.

Сепак, апликацијата, како и повеќето такви на Microsoft Store, престана да добива надградби, а со оглед на планот да ја откаже, односно барем намали универзалната платформа Microsoft, ова не беше воопшто чудно.

Сега Instagram преку Microsoft Store е направена во форма на PWA, односно Progressive Web App. Тоа значи дека апликацијата е во основа веб страната од мрежата, само ставена во форма на апликација која може да се симне на десктоп.

Единствената разлика од веб верзијата за десктоп е тоа што апликацијата има поддршка за пораки, нешто што постепено се пушта на десктоп, но уште не е достапно за голем дел од корисниците.

Ова може слободно да се каже дека е мало разочарување за корисниците на Windows 10 кои се надеваат сепак на подобри апликации достапни на платформата. Пример за тоа е Facebook Messenger која доби целосно нова верзија за десктоп достапна преку Microsoft Store, моментално во бета верзија.

Сепак на крајот, Instagram е мрежа која е замислена првенствено за мобилните, па корисниците така и ја користат. На десктоп во главно се прави разгледување на сликите, а многу ретко и објава, така да неможноста да се објави нешто од компјутер, не е некој голем проблем.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаFacebook Messenger дополнително поедноставен со главен акцент на разговорите
Следна статијаGoogle Earth сега работи и на Firefox, Microsoft Edge и Opera
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.