Основачот на познатата компанија за паметни часовници Pebble, Ерик Мигиковски, претстави апликација која треба да ги собере повеќето познати сервиси за разговори на едно место. Beeper тоа го овозможува дури и за iMessage, иако за овој сервис потребни се одредени предуслови.

Оваа апликација е во развој подолго време и претходно го носела името NovaChat, а го користи протоколот со отворен код, Matrix. Сервисите кои може да се приклучат на Beeper се: WhatsApp, Facebook Messenger, Instagram, iMessage, Android Messages, Telegram, Twitter, Slack, Hangouts, Skype, IRC, Matrix, Discord, Signal и Beeper network.

Beeper уште не е официјално достапна, па заинтересираните корисници може да се регистрираат, но исто така треба да се знае дека апликацијата доаѓа со месечна претплата од 10 долари, што значи дека сепак неа повеќе ќе ја користат тие кои работат со овие сервиси, можеби во комбинација со доста приватни разговори.

Исто така, иако е нагласено дека може да се функционира со iMessage, сепак за тоа е потребно корисникот да поседува барем еден Apple уред, од каде Beeper апликацијата ќе се користи како основа за да може да работи на другите уреди.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаMediaTek Dimensity 1200 е 6nm чип од високата класа кој ќе им конкурира на Qualcomm и Samsung
Следна статијаНајзадоволни со професијата се ИТ професионалците и дизајнерите, најмалку вработените во производство, угостителство, економија и право
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.