OneDrive за корисниците на Android добива неколку новини од кои се гледа и соработката која Microsoft ја има со Samsung.

Главната новина е поддршката за Samsung Motion Photos кои сега може да се гледаат и преку OneDrive апликацијата на Android, односно и преку onedrive.com.

Motion Photos е функција кај одреден број на Samsung телефони која прави кратко снимање пред да се направи сликата. Снимањето е само неколку секунди, а се добива ефект на анимирана слика.

Овие слики и досега можеа да се зачуваат во OneDrive, но сега за првпат сервисот добива поддршка истите да може да се гледаат во нивната „анимирана“ форма.

OneDrive исто така добива и поддршка за пуштање на 8K видеа, нешто што исто така е резултат на соработката со Samsung од каде посебно ја истакнуваат можноста за снимање во оваа резолуција кај нивните посилни модели.

Зачувувањето на 8K видеа беше можно и досега, но корисниците сега ќе можат да ги гледаат видеата во оваа резолуција преку OneDrive, се разбира преку поддржани уреди, а тоа сега за сега во главно се телевизорите.

OneDrive добива и две новини кои не се ексклузивни за корисниците на Samsung. Па така, Home делот во апликацијата сега добива можност за прикажување на „On this day“ сликите, а покрај досегашните последно користени датотеки, се додаваат и датотеки кои се зачувани да може да се гледаат офлајн.

Сервисот на Microsoft доби и зголемување на ограничувањето на големината на датотеките кои може да се прикачат, па сега тоа изнесува 250 гигабајти. Ова е доста големо подобрување во време кога и не е ретко да се има толку големи датотеки, а посебно од професионалците.

Една функција која Microsoft ја воведе минатата година ќе се осигура дека корисниците кои работат со големи датотеки, нема да го трошат својот интернет лимит брзо, како и да чекаат многу при секоја промена. Со differential sync ќе се прикачуваат само изменетите делови од датотеката, а не целата.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статија„Арена Спорт“ каналите отсега достапни и за корисниците на „НЕОТЕЛ“
Следна статијаAndroid TV добива надградба која ќе го направи многу посличен со новиот Google TV
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.