Songza е бесплатен сервис за слушање на музика. За разлика од слични сервиси како Pandora, Spotify и други, Songza ги креира станиците со музика преку избор на жанр, расположение, активности и декади, но не може да внесете име на група или песна. Сепак Songza има интересен и уникатен начин преку кој што доаѓате до интересна музика за слушање. Зависно од денот добивате предлог каков тип на музика сакате да слушате, па така за време на тестирањето на оваа апликација добивме предлог за Вторник Доцна Наутро. За тој период апликацијата дава избор од следните типови на музика: Уживајте во утрото, Појачајте ја вашата енергија, Вежбање, Вршење на домашни работи, Возење, Работа во канцеларија. Музиката што оваа апликација ја нуди во сите нејзини варијанти е избрана од музички експерти, па заедно со вашата оценка за музиката, би требало изборот да биде добро направен.

Кои фукнции ги има оваа верзија на апликацијата ?

  • Бесплатно слушање без лимит
  • Оставете „Музичкиот Консиерж“ на Songza да го направи изборот на музиката за вашите моменти
  • Прелистувајте плејлисти организирани според жанр, расположение, активност и декада
  • Слушајте илјадници плејлисти направени од музички експерти
  • Зачувајте ги вашите омилени плејлисти и споделети ги на Facebook, Twitter или преку email.

Како функционира Songza ?

wp_ss_20130924_0007

Откако ќе ја стартувате апликацијата треба да се најавите на сервисот. Имате избор да се најавите со Facebook, да креирате корисник со email или да се најавите со email доколку веќе имате креирано корисник. Откако ќе се најавите доаѓате до главниот home екран каде што зависно од денот и периодот ќе добиете избор на типови на музика. Избирате кој тип на музика ви изгледа интересен, па добивате неколку плејлисти. Со избирање на една од плејлистите се креира вашата станица и музиката почнува.

Наредниот екран ги има вашите до сега слушани плејлисти, па доколку сакате пак да слушате некоја од нив можете да продолжите без повторно да го правите изборот. На третиот екран правите избор на музика според неколку предложени категории, односно жанр, расположение, активност и декади. Изборот на плејлисти и слушањето на музика понатаму се врши на истиот начин како и со предложените плејлисти зависно од денот.

Иако сервисот преку веб не е достапен за Македонија, апликацијата барем сега за сега работи без никакви ограничувања. Апликацијата можете да ја симнете од продавницата за апликации или со кликање на следниот линк http://www.windowsphone.com/s?appid=94fcd6ff-dd5a-4978-832b-f35a3a1c0914 .

Претходна статијаASUS го најави Transformer Book Trio
Следна статијаFacebook тестира автоматско пуштање на видеата на мобилната апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.