По одлуката да Microsoft Edge продолжи да се развива на основа на Chromium од Google, Microsoft ќе направи уште една работа која на прелистувачот ќе треба да му даде подобра шанса да успее на пазарот.

Логото на Edge, кое поради некоја причина беше направено да биде слично со тоа на Internet Explorer, веќе нема да биде тука да ги потсетува корисниците дека „сурфаат“ со прелистувач којшто е наследник на овој „озогласен“ и застарен прелистувач.

Новото лого кое ќе се користи за Edge направен на Chromium, најверојатно кога ќе биде пуштена првата официјална верзија, е направено во стилот на новите икони кои ги користи Microsoft за нивните производи, како тие од Office, на пример.

Покрај тоа, самото лого претставува бран од океан/море, кој секако треба да асоцира на сурфање. Формата која ја креира бранот, исто така е направена да потсетува на буквата „Е“, но овој пат нема никаква слично со истата буква од претходните верзии.

Интересно, Microsoft изгледа официјално ќе го претстави новото лого оваа недела, а неговиот изглед е откриен од страна на програмери кои успеале да ја решат „загатката“ која ја имаат оставено развивачите на Edge.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНеофицијални слики го прикажуваат новиот „RAZR“ од Motorola со екран кој се превиткува
Следна статијаSamsung Galaxy S11 наводно ќе дојде со камера со 108 мегапиксели
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.