Популарноста на видео повиците изминатите неколку месеци од познати причини е зголемена повеќе пати, а ова не ја исклучува ниту една од повеќето достапни апликации на пазарот. Поради тоа воопшто не чуди одлуката на Microsoft да сепак продолжи да воведува нови функции на Skype, апликација која сепак еден ден треба да биде заменета за Microsoft Teams која веќе не е наменета само за компаниите.

Најновата верзија од Skype за Windows, macOS, Linux и веб, донесува неколку новини кои треба да го подобрат корисничкото искуство при групните видео повици. Најновата верзија е пуштена на 18-ти мај, но постепено кај сите корисници, па до сега повеќето би требало да ја имаат.

Главните две новини кои ги доби Skype, а поврзани со групните видео повици се можност за прикажување на 9 учесници во повикот во исто време, односно во 3 на 3 поставеност. Оваа новина сигурно ќе им се погоди најмногу на тие кои уште го користат Skype за бизнис комуникација, наместо некоја од поновите апликации, но секако и тие кои комуницираат со големи групи на пријатели или фамилија.

Втората работа е можноста за креирање на „модерирани“ групи, односно групи во кои ќе има модератор и обични корисници, со што модераторите ќе имаат одредени можности за контрола на групата и разговорите.

Skype исто така добива и подобра организација на реакциите кои се достапни при видео разговори, односно корисниците ќе можат самите да изберат кои реакции би сакале да им се најбрзо достапни.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаTwitter почна да ги означува „твитовите“ на Доналд Трамп кои се сметаат за неточни
Следна статијаWindows 10 May 2020 Update официјално достапна за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.