Во најголемата надградба на Google Earth од 2017 година, Google воведе нова функција со која било кој дел од планетата може да се разгледува како се има менувано во изминатите 37 години. Се работи за 24 милиони сателитски слики кои се направени да овозможат интерактивно искуство.

Новата функција е едноставно и навистина интересна. Се што треба е да отидете на овој линк, па покрај веќе одредени локации кои Google смета дека вреди да се видат, можете да ја изберете која сакате локација и да ја видите промената.

Се обидовме тоа да го направиме со Скопје, каде има слики од 1985, но резолуцијата не е доволно добра за навистина да може да се видат деталните промени. Сепак, ако се гледа од повисоко, ќе може да се види еволуцијата на градот во последните децении.

Од Google посебно внимание посветуваат на промените кои може да се забележат поради климатските промени кои се случуваат на Земјата, предизвикани од активностите на човекот.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаMicrosoft ја претстави првата тест верзија од Edge на Android направена со Chromium кодот
Следна статијаFacebook ја достигна целта за користење на 100% енергија од обновливи извори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.